CRPRC Studiorum На почетна Содржина Контакт Администрација
Welcome

Евродијалог Sign in Содржина Резиме Евродијалог тим Корица Архива

[03.07.2008]

Закон за правата на пациентите

РМСобранието го усвои законот за права на пациентите. Законот на кој инсистираше и ЕУ ќе им овозможи на пациентите да имаат право на второ мислење од лекар, приватност при прегледот и доверливост во медицинската документација.

повеќе

[22.05.2008]

ДЕЛУВАЈ СЕГА ЗА ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ

Официјална веб страницаДЕЛУВАЈ СЕГА ЗА ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ (ACT NOW FOR HEALTH) е кампања која ќе ги натера министрите од владите ширум светот да се посветат повеќе на здравјето и эдравствениот сектор во 2008 година како приоритет. Потребна е итна акција. Бараме од министрите да ја потпишат изјавата со која ќе се обврзат дека ќе делуваат за здравството веднаш. Исто така, бараме невладините организации да ја покажат својата поддршка.

повеќе

[17.04.2008]

Втор Европски Ден за правата на пациентите 2008

Вториот Европски Ден за правата на пациентите ќе се одржи на 18-ти април 2008 година. Одбележувањето во Република Македонија ќе се одвива на настан организиран од ЦРИС Студиорум, а е поддржан од Европската Комисија и организацијата Active Citizenship Network (ACN) од Италија. ЦРИС Студиорум е член на Active Citizenship Network.

повеќе

[06.04.2008]

Работилница за проценка на ризикот на работно место (напреден курс за обука)

Работилница за проценка на ризикот на работно местоПоради особено големиот интерес и учество на Регионалата зимска школа, посебно кај докторите специјалисти по медицина на труд, инжинерите за заштита - безбедност на работа и инспекторите за труд во Република Македонија, која се одржа од 28 јануари до 1 февруари 2008 година во Скопје,  организаторите донесоа одлука оваа Школа да прерасне во континуиран курс обука за основни и напредни знаења од областа на проценката на ризикот.
Како резултат на ова, Втората тродневна Школа/работилница за проценка на ризикот на работно место (напреден курс) се одржа од 03-05 април 2008 година во просториите на Општата болница РЕМЕДИКА (ул. 16 Македонска бригада бр. 18 – Скопје). Целта на оваа работилница...

повеќе

[29.02.2008]

Извештај: Заедницата на Ромите во Република Македонија, состојби и предизвици во домување и здравство

На 29 февруари 2008 (петок) во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје се одржа прес конференција, на која ХДЗР „Месечина“ – Гостивар го објави извештајот „Заедницата на Ромите во Република Македонија, состојби и предизвици во домување и здравство“.

Во изготвувањето на извештајот како автори учествуваа Неда Милевска-Костова и Ениса Еминова од ЦРИС Студиорум.

повеќе

[28.02.2008]

Соработка на локалната самоуправа
со граѓанските организации

МЦМС одржа промоцијата на публикацијата „Соработка на локалната самоуправа со граѓанските организации“ на 28 февруари 2008 г., (четврток) во хотелот „Континентал“ во Скопје. Публикацијата, која ја подготви ЦРИС Студиорум, претставува истражувачки извештај за соработката на општините со граѓанските организации во Република Македонија.

повеќе

[26.02.2008]

Позитивни резултати од Конкурсот за доделување финансиски средства за софинансирање развојно-истражувачки проекти во 2007 година

По спроведување на постапката за администрирање и стручно оценување на предлог-проектите, поднесени во рамки на Конкурсот за доделување финансиски средства за софинансирање развојно-истражувачки проекти во 2007 година на Министерството за образование и наука на Република Македонија, беше донесена одлука финансиски да се поддржи проектот на ЦРИС Студиорум „Експериментално производство на биодизел во Источна Македонија на земјоделски површини загадени со тешки метали“.

повеќе

[03.12.2007]

Петиција СТОП за ракот на грлото на матката

СТОППовеќе од 80% од случаите на рак на грлото на матката (цервикален канцер) може да се превенираат со соодветни организирани програми за скрининг. Но, и покрај ова, за голем број жени во Европа овие методи не се достапни.
Ве молиме за Ваша поддршка на оваа петиција, покрената од Европската Асоцијација за цервикален канцер (ECCA), а која ќе биде презентирана пред Европскиот парламент, ЕК, и националните влади.

Повеќе за петицијата, достапна на македонски јазик, како и формулар за поддршка ќе најдете на: www.CervicalCancerPetition.eu.

повеќе

Петицијата на ECCA за Превенција на цервикален канцер доби поддршка од Републичкиот завод за здравствена заштита на Македонија

Одговор на РЗЗЗ кон Петицијата STOP Cervical Cancer на ECCA:

Почитувани,
Во врска со Петицијата 2007 СТОП ЗА ЦЕРВИКАЛНИОТ КАНЦЕР ВО ЕВРОПА, чест и задоволство е да се каже дека Република Македонија превенцијата на цервикалниот канцер ја стави во агендата на приоритетните јавно-здравствени проблеми, мерки и активности...

Преземи соопштение

повеќе

[19.11.2007]

НВО Саем 2007 - Форум на граѓанското општество

вестиШестиот по ред НВО Саем - Форум на граѓанското општество се одржа на 16 и 17 ноември 2007 година на Скопскиот саем во халите 2 и 3. Носечката тема на Саемот е „Еднакви можности за сите“. Во рамките на саемот ЦРИС Студиорум ја презентираше својата работа во изминатиот период.

повеќе

[15.10.2007]

17-ти Конгрес на лекарите на Р. Македонија

MLD - newsНа 17тиот Конгрес на лекарите на Република Македонија со меѓународно учество, кој се одржа во Охрид од 10-14 октомври 2007 година, во рамките на работната сесија за Реформите во здравството, беше презентиран концептот на Безбедност на пациентите.

повеќе

[13.10.2007]

ECREA Симпозиум

ENCREA - newsНа 11-12 октомври 2007 година Европската асоцијација за комуникациски истражувања и едукација (European Communication Research and Education Association) организираше Симпозиум на тема: Еднаквите можности и комуникациски права: застапеноста, учеството и европскиот демократски дефицит. Во рамките на Симпозиумот беше организиран и сателитски настанна тема: "Митот за Глобалниот интернет", кој се одржа на 10 октомври.

ЦРИС Студиорум беше застапен на двата настана со презентациите:

  • „Проширување на јавната сфера наспроти колонизацијата на сајбер просторот"
  • „Сајбер исклученоста како глобална социјална исклученост - југоисточно-европско искуство".

(Повеќе само на англиски јазик)

повеќе

[07.09.2007]

Одржана работилница во Пробиштип

Biodiesel - news Тема: Технологија на производство на есенски сорти/хибриди маслодајна репка

повеќе

[12.06.2007]

Debate of the Think-Tank Network in Macedonia

Think-Tank - news The founding of the Think-tank network – Macedonia is a result of the initiative of seven think-tanks from the Republic of Macedonia, aiming to accomplish a common activity.

повеќе