|
Вести
Втор Европски Ден за правата на пациентите 2008
Вториот Европски Ден за правата на пациентите ќе се одржи на 18-ти април 2008 година. Одбележувањето во Република Македонија ќе се одвива на настан организиран од ЦРИС Студиорум, а е поддржан од Европската Комисија и организацијата Active Citizenship Network (ACN) од Италија. ЦРИС Студиорум е член на Active Citizenship Network.
Агенда:
09,00 - 09,30 |
Пристигнување на гостите и предавачите |
09,30 - 13,00 |
Обраќање на д-р Имер Селмани, министер за здравство на Република Македонија
Невладиниот сектор во заштитата на правата на пациентите
м-р Неда Милевска-Костова, програмски директор, ЦРИС Студиорум
Етичкиот кодекс на ЛКМ во заштита на медицинската професија и пациентите проф. д-р Здравко Чакар, Претседател на Комитетот за етички и правни работи, Лекарска комора на Македонија
Иницијативи на СЗО за правата на пациентите: безбедност на пациентите, д-р Марија Кишман, Светска здравствена организација
|
10,30 - 11,00 |
Иницијатива од која можеме да научиме:
Прирачник за ментално здравје од Снежана Чичевалиева
Промотор:
д-р Владимир Ортаков, член на Комитетот на Совет на Европа за заштита од тортура - ЦПТ
|
11,00 - 12,30 |
Тркалезна маса: Можни придобивки и предизвици на Законот за заштита на правата на пациентите на Република Македонија
Предавачи:
д-р Владимир Лазаревиќ, заменик министер, Министерство за здравство на РМ
г-ѓа Снежана Чичевалиева, раководител, Сектор за европски интеграции и меѓународна соработка, Министерство за здравство
проф. д-р Здравко Чакар, претседател на Комитетот за етички и правни работи, ЛКМ
г-ѓа Невенка Крушаровска, заменик народен правобранител на Република Македонија
Проф. д-р Јованка Бислимовска-Караџинска, координатор на школата за јавно здравство, Медицински факултет, Скопје
Г-дин Звонко Шаврески, претседател на Полио Плус
г-дин Христијан Јанкуловски, ХОПС
г-дин Драшко Костовски, Х.Е.Р.А.
|
12,30 - 13,00
|
Промоција на Ментално здравје во заедницата од д-р Кнегиња Рихтер-Соколовска и други
Промотори:
доц. д-р Антони Новотни, претседател на Здружение на психијатри на РМ
доц. д-р Флора Села-Кастрати, пратеник во Собранието на РМ
|
13,00 - 14,00 |
Паралелни сесии [1-2]:
|
[Сесија 1]: |
Вработените како пациенти – заштита на личните и медицинските податоци
Предавачи:
Проф. д-р Елисавета Стикова, Медицински Факултет, Скопје
г-дин Зоран Пандев, заменик директор, Дирекција за заштита на личните податоци
д-р Наташа Теовска, јавно-здравство, специјална болница ”Ремедика”
|
[Сесија 2]: |
Безбедност на пациентите (медицинска и фармацевтска грижа)
Предавачи: Проф. д-р Лидија Петрушевска – Този, претседател на Фармацевтската комора на Македонија
г-а Билјана Целевска, помошник раководител, Одделение за европска интеграција, Министерство за здравство на РМ
|
|
|
|
|
|