Публикација:
Соработка на локалната самоуправа
со граѓанските организации
МЦМС одржа промоцијата на публикацијата „Соработка на локалната самоуправа со граѓанските организации“ на 28 февруари 2008 г., (четврток) во хотелот „Континентал“ во Скопје. Публикацијата, која ја подготви ЦРИС Студиорум, претставува истражувачки извештај за соработката на општините со граѓанските организации во Република Македонија.
Цел на истражувањето беше да ги испита степенот и начинот на соработката на локалната самоуправа со граѓанските организации, посебно со оглед на зголемените ингеренции на општините, што претставува резултат од децентрализацијата на земјата.
Истовремено, публикацијата нуди и препораки и совети преку приказ на најдобрите практики на оваа соработка, како и поддршка за активностите на граѓанскиот сектор, како од земјата, така и надвор од неа.
МЦМС ја подготви оваа публикација како дел од програмата за работа на Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ) .