CRPRC Studiorum На почетна Содржина Контакт Администрација
Времето одминува

Вести

Извештај:

Заедницата на Ромите во Република Македонија, состојби и предизвици во домување и здравство

Насловна страна на извештајотНа 29 февруари 2008 (петок) во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје се одржа прес конференција, на која ХДЗР „Месечина“ – Гостивар го објави извештајот „Заедницата на Ромите во Република Македонија, состојби и предизвици во домување и здравство“. Во изготвувањето на извештајот како автори учествуваа Неда Милевска-Костова и Ениса Еминова од ЦРИС Студиорум.


Издавањето на овој извештај беше овозможено со поддршка од Институтот за трајни заедници (ИТЗ) преку фондови на Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД).

Извештајот е прва обемна студија од ваков вид, каде што се сублимирани голем број на податоци за состојбата на Ромите во домување и здравство во Македонија и други земји потписнички на „Декадата на вклучување на Ромите 2005 – 2015“. Тој, освен детектирањето на клучните проблеми, содржи и успешни практики и методи кои можат да послужат за подигање на нивото и квалитетот во домувањето и здравството кај Ромите.

На презентацијата беа поканети и претставници на Владата на Република Македонија, дипломатските претставништва во земјава, министерствата за труд и социјална политика, транспорт и врски, здравство членовите на владиното Координативно тело за Декадата, како и претставници на домашни и меѓународни организации.

На самиот настан на присутните им беше поделен бесплатен примерок од извештајот во печатена форма и примерок во ЦД, на македонски и на англиски јазик.

Линк: http://www.mesecina.org.mk/



Линк до веста објавена на А1 телевизија:

http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=90262