CRPRC Studiorum На почетна Содржина Контакт Администрација
Биодизел - гориво за иднината

Проекти

Одржана работилница во Пробиштип

Тема:
Технологија на производство на есенски сорти/хибриди
маслодајна репка

pdf

Преземи презентација [PDF - 4.6 MB]


Фотографии од настанот:

1
1
1
1
1
1


Експериментално производство на биодизел во Источна Македонија на земјоделски површини загадени со тешки метали

01 02 03 04

Опис на проектот

Цели и активности
Една од главните цели на проектот е промовирање на производството и употребата на обновлива енергија заради намалување на негативните ефекти врз животната средина, но и заради намалување на трошоци за енергетските потреби, особено на населението во локалната заедница. Иновативноста на овој Проект е во неговиот обид истовремено да делува во две значајни сфери: заштита односно унапредување на животната средина, преку деконтаминација на еден од најплодните региони во Источна Македонија, и подобрување на животниот стандард и економската состојба на локалното (земјоделско) население, преку производство на еколошки прифатливо биогориво, кое ќе придонесе и во зголемување на нивниот приход и во поттикнувањето на локалниот развој на заедницата.

Генерална цел

Генерална цел на проектот е истражување на можностите за производство на биодизел гориво од култури кои би се одгледувале на земјоделски површини загадени со тешки метали, при што би се обезбедил двоен ефект: деконтаминација на земјиштето со фитоекстракција и ефективно искористување на добиениот зeмјоделски производ, кој поради загаденоста е неупотреблив во човековата или животинската исхрана.

Активности

  • Селекција (по извршено испитување на квалитетот на почвата) и подготовка на земјиштето за засадување на култури со ремедијациски својства, погодни за производство на биодизел.
  • Засадување на избраните површини, собирање на приносот и негова преработка во биодизел. Проверка на квалитетот на добиеното гориво и цврстата растителна маса (погача) и испитување на квалитетот на почвата по завршувањето на проектот (два фитоекстракциски циклуси).
  • • Набавка и инсталација на опрема за експериментално производство на биодизел.Промоција на можностите за производство на биодизел на загадено земјиште во регионот,застапување и лобирање за законско и подзаконско регулирање и стимулирање на производството на биодизел.Производство на биодизел гориво за сопствени потреби од страна на локалното (земјоделско) население;

Очекувани позитивни исходи од ваквото експериментално производство:

  • Еколошка компонента: a) постепена деконтаминација на земјиштето (со најмалку 5 циклуси), кое потоа може да се користи и за садење на други култури
  • Локален развој: a) намалување на трошоците за земјоделското производство, со користење на произведениот биодизел во земјоделската механизација; б) ефективно искористување на приносите од загадените земјоделски површини.

Посредно и долгорочно, Проектот би влијаел на:

  • Намалување на потрошувачката на петро-дизелот, односно супституција на нафтата со енергенс добиен од обновливи извори - биомаса, и со тоа намалување на емисијата на штетни гасови и/или потенцијалното загадување на почвата и водите.
  • Ангажирање на расположивите ресурси (необработено земјиште и невработени лица) кон еколошки прифатливо, одржливо производство на индустриски култури (пред се маслодајна репка), и со тоа генерирање приходи кои ќе водат кон намалување на сиромаштијата во Македонија.

Одржливост на проектните активности и резултати

Производството на биодизел на загадени земјоделски површини и негова употреба за земјоделската механизација за обработка на истите или нови обработливи површини е компонента на Проектот која сама по себе зборува за одржливоста на проектот на локално ниво и во локалната заедница; предноста на ваквата одржливост е што обртот се случува на ниво на семејство, односно на една економска единица, што е дополнителна олеснителна околност, кога е во прашање затворањето на кругот на економска одржливост.

Временска рамка на проектот
Почеток: 1 Ноември 2006
Завршеток: 31 Март 2008
Буџет: 37900 евра

Дополнителни информации за проектот:

Корисни линкови:

Документи